Фарадеева константа

edit

Фарадаева константа, прикажана со F, го добила името според Мајкл Фарадај. Во физиката и хемијата, оваа константа ја прикажува големината на електричниот полнеж на еден мол електрони. Неговата општоприфатена вредност е 96485.33289(59) C mol−1 [2] Оваа константа е во врска со уште две други константи


каде што

   e ≈ 1.60217662×10−19 C;[3]
   NA ≈ 6.02214086×1023 mol−1.[4] 

NА е Авогадрова константа (Односот од број на единки,F,што нема величина и количество супстанца,F ,со величина мол), а е е елементарниот полнеж или големината на полнежот на електрон. Оваа релација е возможма бидејки кол на полнеж на еден мол електрони е еднаква со количеството на полнеж во еден електрон помножено со бројот на електрони во еден мол.

Честа употреба на Фарадаевата константа е во електролизата. Може да се подели количеството полнеж во кулони со Фарадаевата константа за да се најде количеството (во молови) на елементот што оксидирал.

Вредноста на F била одредена со мерењето на количеството на сребро депоnиран во електрохемиска реакција во која електричната струја тече одредено време, и користејки го Фарадевиот закон за електролиза. Истражувањата се насочуваат кон веродостојни начини за одредување на меѓусебна поврзаност на константите F, NA, и e.

Други единици на Фарадаевата константа

edit
   *96,485 J (96.485 kJ) per volt gram equivalent
   *23.061 kcal per volt gram equivalent
   *26.801 A·h/mol

Фарадаева единица за полнеж

edit

оврзана со Фарафаевата константа е ,,фарадај", единица за полнеж. Многу е поретка од кулонот, но понекогаш е употребувана во електрохемијата. Еден фарадај полнеж е величината на полнежот на еден мол електрони, т.е. 96485.33289(59) C.

Искажано во фарадај, Фарадаевата константа F изнесува ,,1 фарадај полнеж на мол".

Оваа фарадеева единица не треба да се меша со фарад, несродна единица за електричен капацитет (1 фарад= 1 кулон/1 волт).